(ВИДЕО) ОО ЛДП Гевгелија: Што се случува со Р-103, делница Прдејци – Смоквица

Од:

„Општинската организација на Либерално-Демократската партија Гевгелија, после укажувањата на наши сограѓани, денес, од лице место, односно од регионалниот пат Р-103, Ве известуваме дека поднесовме предлог до градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и претседателот на Советот на општина Гевгелија, г-дин Драги Хаџи Николов, итно да се разгледа состојбата со регионалниот пат Р-103, делница Прдејци – Смоквица.

Имено пред повеќе од 30 дена, тука несоодветно се асфалтирани околу стотина метри од регионалниот пат Р-103, најверојатно од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија и градежните активности од тогаш до денес се во прекин“, рече на прес конференцијата претседателот на ОО ЛДП Гевгелија, Тихомир Ручкоманов.

„Во јавноста се шпекулира дека изградбата на Р-103 е обврска на изведувачот на автопатската делница Смоквица – Демир Капија, а не на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија. Сакаме да напоменеме дека ниту на службената страна на Агенцијата за државни патишта, ниту пак во Стратегијата за развој и одржување на државните патишта, не е споменат регионалниот пат Р-103. Исто така потсетуваме, дека во октомври, 2003-та година, имаме поднесено до општина Гевгелија барање за поведување постапка за поместување на 10 КВ далековод, изграден за потребите на пумпната станица на нафтоводот Солун – Скопје, кој беше изграден како дел од најголемата дивоградба во Република Македонија, а истиот и тогаш и денес е физичка пречка за соодветна градба и уредување на регионалниот пат Р-103.

Затоа бараме од Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, но и од Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија, Александар Стојанов, веднаш да ги известат граѓаните на општина Гевгелија што се случува со регионалниот пат Р-103, главната и единствена сообраќајна артерија во општината, но и единствената алтернатива на автопатот, односно која компанија ги изведува градежните работи, каква е динамиката на изградба, за колку средства и од кои фондови се обезбедени истите?!

Искрено се надеваме дека и членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на владеачката коалиција ќе се заинтересираат за овој голем сообраќаен проблем и дека и тие ќе побараат транспарентост и отчетност, како од локалната самоуправа, така и од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија“, изјави Тихомир Ручкоманов.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство