Пронајдени се фосилни остатоци од мамут во двор на семејна куќа во селото Мохово во Хрватска.
Од Хрватскиот пророднонаучен музеј во Загреб за агенцијата Hina изјавиле дека врз основа на неколку фотографии од остатоците на мамутот кои ги добиле на увид, очигледно станува збор за млад примерок на ткн волнест мамут.
Од таму рекле дека не можат засега да ја потврдат староста на пронајдените остатоци, но сметаат дека станува збор за периодот на горниот плеистоцен. Досега на подрачјето на источна Славонија остатоци од мамути се пронајдени во областите на Винковци, Вуковар, Бапска и Славонски Брод.
Остатоците на мамутот биле пронајдени додека работници копале септичка јама во дворот на семејна куќа во Мохово.