Длабоко во себе сите знаеме како правилно да постапуваме со децата, но во секојдневниот живот ни недостига трпение и мудрост тоа да го реализираме.
Следуваат седум важни работи, кои ќе му помогнат на детето во формирањето на личноста, но и на родителите во процесот на воспитување.
1. Обичниот родител е уверен дека целото слободно време треба да биде целосно посветен на детето и при тоа своите интереси ги става во втор план. Мудриот родител е способен самостојно да се грижи за себе, со тоа ги учи и неговите деца.
2. Обичниот родител ги поминува вечерите помагајќи му на своето дете околу домашните задачи. Мудриот родител во воспитувањето на детето се придржува за следната стратегија: детето одговара за направената или ненаправената домашна задачи и само е одговорно за тоа.
3. Обичниот родител се обидува да се искупи за вината, користејќи различни подароци и пари. Мудриот родител редовно му дава на детето пари за трошење, кои тоа треба мудро да ги распореди за да може самостојно да купува за себе работи и играчки, кои не се вклучени во семејниот буџет.
4. Обичниот родител не се обидува да дознае зошто неговото дете лошо се однесува и изгледа како недоволно да го слуша во даден момент. Мудриот родител со сите сили се обидува да го сослуша своето дете за да разбере што се крие позади неговото лошо однесување и да пронајде можност да му помогне на своето дете.
5. Обичниот родител го воспитува своето дете да стане пристоен човек. Мудриот човек прави се за да изгради близок однос со детето.
6. Обичниот родител го воспитува детето во атмосфера на попустливост, понекогаш дозволувајќи му да му се качи на глава. Мудриот родител сфаќа дека има целосно право на личен простор, хоби и време помината без детето. Тој ги почитува како своите, така и граници на своето дете.
7. Обичниот родител се обидува да го заштити своето дете од сите проблеми во животот, правејќи работи, кои не мора да ги прави. Мудриот родител му дозволува на детето да прави грешки, а потоа заедно со него, разговара за тоа која позитивна лекција детето може да ја извлече од настанатата ситуација.