Проширена истрагата за кумановското „Диво Насеље“ за уште седум лица

Од:

Денешната акција на Министерството за внатрешни работи во Куманово резултирала со притвор на уште седум лица поврзани со престрелката во Диво насење каде загинаа осум полицајци, а триесетина беа повредени.

„Врз основа на анализа од досега прибавените докази од истрагата во врска со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште седум македонски државјани.

Осомничените, кои се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б, се изведуваат пред Судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор“, информираат од Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец