ЕУ денеска ќе расправа за бегалската криза

Од:

Лидерите на Европската унија денеска, на самит во Брисел, ќе се обидат да изнајдат решение за актуелната бегалска криза и да ја интензивираат дипломатската офанзива што за своја цел ќе го има придобивањето на Турција да помогне во намалување на приливот на бегалци од воено разорената Сирија, пренесе Танјуг.

Фокусот на самитот ќе биде ставен врз соработката со земјите надвор од границите на ЕУ со цел да дојде до разрешување на најлошата бегалска криза уште од Втората светска војна, пренесоа француските медиуми.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на оваа година во ЕУ пристигнале речиси 600.000 бегалци.

Европските лидери на денешниот самит ќе разговараат и за можното воспостваување безбедна зона на северот од Сирија.

Клучна цел на самитот ќе биде добивање согласност од навидум незаинтересираната Турција за планот на ЕУ да и се помогне на оваа земја во згрижување на двата милиона бегалци, а за тоа во недела во Турција ќе разговара и германската канцеларка Ангела Меркел.

Европските лидери се надеваат дека, со тоа што ќе им помогнат на бегалците кои веќе се наоѓаат во Турција на начин што на оваа земја ќе и ддадат парични средства и ќе и помогнат да ги засили своите поморски граници, всушност ќе ги одвратат сириските бегалци од движењето по опасниот пат по море и копно кон Европа.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина