Општина Центар: „Интермецо“ казнет за бучава

Од:

„Општина Центар продолжува со борбата против бучавата од кафе-баровите и кафеаните кои се наоѓаат на територијата на општината.

Инспекциските служби, по пријава од граѓаните, извршија редовен надзор и констатираа дека максималното дозволено ниво на бучава по 23:00 часот од 45 децибели го надминува „Интермецо Кафе“. При последната контрола се посетени и други локали, но по мерењата на оластена компанија не е констатирано надминување на 45-те дозволени децибели.

Надлежните од општината ќе издадат платен налог од 500 евра за правното лице и 150 евра за одговорното лице. Доколку казната не се плати, ќе се поднесе прекршочна пријава.

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават бучава и ќе продолжи контиунуирано да се грижи за мирот на жителите на општината“, се вели во соопштението на Општината Центар.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он