Кошаркарите на белградски Партизан ја постигнаа и втората победа во новата сезона од АБА лигата откако синоќа на домашен терен ја победија Сутјеска со 75:67.
Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски беше стартер кај „црно-бели“, одигра 14 минути, но не успеа да постигне поени.
Резултати на комплетното 5.коло:
Тајфун – Будуќност 61:80,
Цедевита – Црвена Звезда 74:72,
Олимпија – Крка 80:50,
Задар – Мега Лекс 76:81,
Металац – Цибона 77:61,
МЗТ Скопје Аеродром – Игокеа 75:70 и
Партизан – Сутјеска 75:67.
Табела: Црвена Звезда 4-1 (победи-порази), Будуќност 4-1, Цедевита 4-1, Олимпија 3-2, Игокеа 3-2, Мега Лекс 3-2, МЗТ Скопје А. 2-3, Сутјеска 2-3, Партизан 2-3, Металац 2-3, Тајфун 2-3, Крка 2-3, Задар 1-4, Цибона 1-4.