Во новиот атлас на „Ларус“ Крим е прикажан како дел од Русија

Од:

Украинскиот амбасадор во Франција Олег Шамшур изрази „големо разочарување“ откако славната издавачка куќа „Ларус“ во својот нов општествено-економски атлас Полуостровот Крим на Црно Море го нацртала како дел од руската територија.

Како што пренесува Танјуг, претставниците на „Ларус“ не сакале да ја коментараат оваа одлука.

„Атласот на ’Ларус’, што со ѕвездичка означува дека Крим е припоен кон Русија, го смета за легитимно руското флагрантно кршење на меѓународното право“, наведе Шамшур во писмото упатено до издавачката куча „Ларус“.

Русија во март 2014 година го анектира Крим, после спорниот референдум на кој излегоа 97 отсто од избирачите на оваа територија.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина