Ријад: Руската интервенција ќе има опасни последици

Од:

Руската воена интервенција во Сирија ќе има опасни последици, ќе доведе до ескалација на војната и ќе ги натера екстремистите од целиот свет да се вклучат во неа, истакнаа саудиски претставници.

Таквиот став бил изнесен на вчерашната средба на саудискиот министер за одбрана Мохамед ибн Салман и за внатрешни работи Адел ал Џубејр со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Иванов во Москва.

Саудиските министри посочиле и дека руската интервенција во Сирија ќе поттикне религиозна војна. Тие додале дека Ријад ќе продолжи да ја поддржува умерената опозиција во Сирија.

Салман и Џубејр го повториле саудискиот став дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да се повлече од власт.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија