Нападот во Анкара бил планиран од разузнавањето на Асад, а извршен од ПКК, тврди истрагата

Од:

Двојниот самоубиствен напад во Анкара во саботата, кој е најсмртоносен во историјата на Турција, бил планиран од разузнавањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, а извршени се од припадници на Курдската работничка партија (ПКК), покажува една верзија од истрагата.

Според оваа верзија, во последно време разузнавањето на Асад се зближило со сириската курдска Партија на демократскиот сојуз, која според Турција е поврзана со ПКК. Истрагата покажала дека Асад, кој со поддршка на Русија повторно демонстрира сила, имал за цел со овој план да создаде хаос во Турција пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 1 ноември, пренесува БТА.

Истовремено се смета дека огранок на ПКК, кое е против процесот за мирно решавање на курдскиот проблем, ги извршило нападите со цел да се зголемат гласовите на изборите за прокурдската Демократска партија на народите, која забележала пад на рејтингот поради терористичките напади на курдските бунтовници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија