Бранот бегалци со кој повеќе месеци се соочува Австрија, не стивнува, а само во текот на викендот во земјата влегле повеќе од 12.000 мигранти.
Само вчера, според податоците на полицијата на покраината Бургенланд, во Австрија од Унгарија преминале 8.540 мигранти. Од полноќ до седум часот изутрина преку преминот Никелсдорф минале уште 3.680 мигранти.
Најголемиот дел од бегалците продолжува кон Германија, која спроведува контрола на своите државни меѓи со Австрија, што го отежнува сообраќајот меѓу двете земји.