Американскиот претседател Барак Обама изјави дека било грешка што Хилари Клинтон го користела личниот меил додека била на функцијата државен секретар, но дека со тоа не ја загрозила националната безбедност.
Обама рече дека јавните службеници мораат да бидат попретпазливи по прашањето употреба и користење информации и лични податоци.
Во емисијата на Си-Би-Ес „60 минути“ Обама рече дека не стекнал впечаток дека Клинтон имала намера да прикрие некои информации.