Зоран Заев во официјалната посета на Израел

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од вечерва ја започнува официјалната посета на Израел каде што ќе има средби на највисоко државно – владино ниво, а ќе се сретне и со претставници од бизнис заедницата.

Утре, 12 октомври, понеделник, во Тел Авив, претседателот Заев ќе има средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, во претседателската резиденција.

По средбата со претседателот на Израел, претседателот на СДСМ, Зоран Заев Заев ќе има состанок со претставници на израелската бизнис заедница.

Во вторник, 13 октомври, претседателот на СДСМ ќе има средби со високи владини претставници на Израел.

Претседателот Заев ќе се сретне со вицепремиерот на Израел, Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Во рамки на официјалната посета на Израел, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги посети и светите места во Ерусалим, а е предвидено да даде и интервју за познат израелски медиум.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа