Хамилтон најбрз во Сочи

Од:

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја зголеми предноста во борбата за шампионската титула во Формула 1, откако попладнево победи на трката за Големата награда на Русија возена во Сочи.

На 15-та трка оваа сезона, Хамилтон ја забележа деветтата победа или вкупно 42. во својата кариера со што се изедначи по бројот на победи со Себастијан Фетел на третото место на листата победници на сите времеиња во Ф1. Пред нив се Михаел Шумахер со 91 и Алан Прост со 51 победа.

Клучниот момент на трката се случи во осмиот круг, кога Розберг поради проблеми со болидот мораше да се откаже, а Хамилтон изби на лидерското место.

Втората позиција ја освои Фетел од Ферари, а трет беше Серхио Перез од тимот на Форс Индија.

Хамилтон на четири трки до крајот води во Генералниот пласман со 302 бода, 66 повеќе од Фетел, Розберг е трет со 229 бодови.
Следната трка во Формула 1 е закажана за 25 октомври во Остин, Тексас, за Големата награда на САД.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес