Возачот на тимот Торо Росо, Карлос Сајнс доби дозвола од Светската автомобилистичка федерација да учествува на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Русија што треба да се вози во Сочи.
Сајнц на последното тренинг возење имаше излетување од патеката и удар со болидот во ѕид по што со хеликоптер беше пренесен во болница.
Според пропозициите на ФИА возач кој не возел во квалификациите може да се појави на главната трка доколку се востанови дека на тренинзите постигнал доволна брзина.
Тоа го сторил Сајнс, па сега се чека уште дозвола од лекарите за тој да се појави утре на главната трка во Сочи.