Неколку илјади луѓе денеска протестираа во Амстердам против плановите на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со САД и Канада, познат како Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП).
Протестот во Холандија е организиран од синдикатите и организациите за зачувување на природната средина.
Противниците на ТТИП стравуваат дека договорот ќе придонесе меѓународните корпорации да имаат поголема власт и ќе доведе до намалување на стандардите за безбедност на прехранбените производи.
– Отпорот станува се поголем, изјави портпаролот на организаторот на протестите, според кој учествувале над 7.000 луѓе.