Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави денеска дека неговата земја е подготвена за „секаков вид војна, испровоцирана од американските империјалисти“, пренесува БТА.
– Денес нашата партија решително соопштува дека нашите вооружени сили се способни да се справат со секаква војна, испровоцирана од САД. Подготвени сме да ги заштитиме нашиот народ и синото небо на нашата татковина, изјави Ким.
Неговиот говор беше емитуван во живо на севернокоирејската Централна телевизија. Воената парада во чест на 70-годишнината на владејачката партија не започна наутро, како и обично, туку околу пладне поради дождот.
Според податоците на руски медиуми на парадата учествувале најмалку 20.000 војници.
Севернокорејскиот лидер не спомна ништо конкретно за капацитетот на армијата, а само ги истакна посветеноста на партијата за подобрување на животот на народот.