Властите во Кремљ денеска уште еднаш потврдија дека руската антитерористичка операција во Сирија не ја вклучува и копнената компонента.
-Како што е познато, Русија нема намера, како што претседателот и министерот за одбрана постојано повторуваат, да вклучува копнена компонента, туку ќе се ограничи само на операцијата на воздухопловните сили, како поддршка на воружените сили во Сирија, соошти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков кажа и дека операцијата во Сирија не претставува товар за рускиот буџет, пренесе ТАСС.