Партијата „Алтернатива за Германија“ ќе поднесе жалба против Меркел поради мигрантите

Од:

Партијата „Алтернатива за Германија“ денеска во Берлин изјави дека планира да поднесе жалба против канцеларката Ангела Меркел за трговија со луѓе, бидејќи ги отвори границите за мигрантите пред еден месец, јави ДПА.

„Алтернатива за Германија“, првично формирана за спротивставување на програмите за спас на еврото, а сега насочена против миграцијата, соопшти дека планира да поднесе официјална жалба во полиција.

– Меркел дејствуваше како шверцер на луѓе, изјави заменикот претседател на „Алтернатива за Германија“ Александар Гауланд.

„Алтернатива за Германија“ не е претставена во федералниот парламент на Германија, но располага со парламентарни места на  провинциско ниво. Социјалните анекти покажуваат дека има поддршка од околу 6 проценти.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ