САД ја прекинуваат програмата на Пентагон во износ од 500 милиони долари за обука на бунтовниците, кои војуваат против режимот на претседателот Башар ал Асад, пишува денеска весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на претставници од владата на Обама.
Весникот додава дека Пентагон ќе го објави тоа на крајот на програмата подоцна денеска.
Повикувајќи се на висок претставник на Пентагон, „Њујорк тајмс“ пишува дека повeќе нема да бидат наоѓани умерени сириски бунтовници за обука во Јордан, Катар, Саудиска Арабија или Обединети Арапски Емирати.
Наместо тоа, ќе биде создаден многу помал центар во Турција, каде ќе се обучува многу помала по бројност група, во чиј состав ќе влезат лидери на опозициските групи.