Чешкото Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека од утре воведува мерки за зголемување на контролата на граничните премини, како и на бројот на полицајците на границата.
Бројот на полицајците, кои ја контролираат границата со Австрија ќе се зголеми од 200 на 720.
Чешка сега, по претходното заострување на безбедноста на границата со Австрија, како одговор на одлуката на Германија за воведување на гранична контрола, ја зголеми контролата на 14 гранични премини.
Претставници на полицијата соопштија дека новите мерки се воведуваат од претпазливост, поради можен голем прилив на мигранти, но додадоа дека засега мигрантите често не ја користеле територијата на таа земја на својот пат до Германија и другите богати западни држави.