МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Мега Лекс

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево во рамките на 4.коло од АБА лигата гостува кај екипата на Мега Лекс. По поразот од белградски Партизан, ова ќе биде нова шанса за победа за избраниците на Алеш Пипан. Почетокот на натпреварот е во 17 часот.

МЗТ Скопје по дуелот со Партизан во вторникот останаа во Србија со цел играчите посвежи да го дочекаат денешниот дуел.

Покрај дуелот Мега Лекс – МЗТ Скопје денеска се играат уште три натпревари: Крка – Цедевита, Будуќност – Задар и Цибона – Олимпија. Последните два натпревара од колото: Игокеа – Партизан и Сутјеска – Металац се играат утре.

Во првиот натпревар од оваа рунда шампионот на АБА лигата Црвена Звезда убедливо го победи Тајфун со 113:66 и ја постигна четвртата победа.

 

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос