Со одигрување на шест натпревари, синоќа беше комплетирано првото коло од квалификациите за Европското првенство во ракомет за жени, што следната година ќе се одржи во Шведска.
Исто како и во средата, и вчера на сите натпревари победија домашните репрезентации.
Резултати по групи од првото коло:
Група 1: Норвешка – Белорусија 35:24, Романија – Литванија 29:20.
Група 2: Чешка – Италија 33:15, Србија – Украина 34:25.
Група 3: Холандија – Бугарија 45:24, Шпанија – Австрија 25:15.
Група 4: Црна Гора – Македонија 21:14, Хрватска – Словенија 27:19.
Група 5: Полска – Финска 29:12, Унгарија – Словачка 32:19.
Група 6: Русија – Португалија 39:19, Данска – Турција 28:19.
Група 7: Германија – Швајцарија 29:18, Франција – Исланд 27:17.
Натпреварите од второто коло се играат во сабота и во недела, а Македонија во Скопје ја пречекува селекцијата на Хрватска.