Кривична за три лица од Мешеишта

Од:

СВР Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво“,поднесе кривична пријава против С.К.(27) од селото Мешеишта, Д.М.(24) од селото Оздолени и Г.П.(27) од Мешеишта, општина Дебрца.

Пријавените, на 25-ти октомври се искачиле на вториот кат од куќата во сопственост на брачна двојка од селото Мешеишта, и насилно влегле во една од собите.

Разбојниците физички ги нападнале сопружниците, притоа наесувајќи им тешки телесни повреди и заканувајќи им се со пиштол од нив барале пари. Сопругата ја турнале по скалите, а потоа започнале да пребаруваат по собите, при што  пронашле и одзеле околу 1.000 денари.

При извршениот полициски претрес во домовите на две од трите пријавени лица е пронајдено оружје и куршуми.

Пријавените лица и се добро познати на полицијата. Против нив досега биле поднесувани повеќе кривични пријави за сторени тешки кражби, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори  и овозможување на употреба на наркотични дроги.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип