Јункер: Бегалската криза во Европа ќе трае неколку години

Од:

Кризата со багалците во Европа ќе трае неколку години, предупреди претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека нема илузии за ова прашање, информираа француските медиуми.

Јункер ја даде оваа мрачна прогноза на прес конференција во германскиот град Пасау, во близина на границата со Австрија, каде го посети центарот за прифаќање мигранти, главно сириски бегалци.

-Треба да им кажеме на луѓето дека тоа не е нешто што ќе мине така брзо, нешто привремено, туку е нешто со кое ќе се наметне да живееме долго, рече Јункер.

Тој додаде дека Европа нема потреба од нови ѕидови и особено од ѕидови меѓу членките на ЕУ.

Јункер, исто така, изјави дека Европа треба да работи на подобрувањето на своите односи со Русија.

-Треба да вложиме напори за практични односи со Русија. Не можеме да продолжувам така, рече тој, цитиран од британските медиуми.

Јункер го критикуваше американскиот претседател Барак Обама затоа што Русија ја нарече „регионална сила“.

-Како може да се зборува така! Никој не треба да зборува така за Русија, се побуни претседателот на ЕК, а пренесоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина