Германија ќе има потреба од 38 илјади учители и воспитувачи поради бегалците

Од:

Германија ќе има потреба од нови 38 илјади учители и воспитувачи во детските градинки за подобра интеграција на бегалците во општеството, соопшти денеска синдикатот на учители, пренесува ТАСС.

Според соопштението на синдикатот „Федерација образование и наука“ (ГЕВ), во кој членуваат околу 270.000 лица, во следната година ќе има околу 300.000 нови ученици како резултат на миграцискиот бран. За нивно прифаќање ќе бидат неопходни дополнителни 24.000 ученици.

Идната година во градинките ќе бидат запишани околу 100.000 мигранти. Како резултат на што ќе бидат неопходни дополнителни 14.000 воспитувачи.

– Образованието е клучен фактор за успешна интеграција на децата на бегалците и на кандидатите за таков статус во Германија, истакна претседателката на синдикатот на учители Марлис Тепе.

Според Тепе вработените во образовниот систем се подготвени да дадат свој придонес за справување со овој сериозен предизвик, каде според разни проценки годинава во Германија ќе пристигнат меѓу 800.000 и еден милион бегалци.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ