Тешка кражба во црквата „Свети Илија“ во струшко Радожда

Од:

Во временскиот период од 1. до 7. октомври годинава непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Свети Илија“ во струшкото село Радожда.

МВР денеска соопшти дека со подесен остар предмет сторителот насилно ја отворил влезната врата и извршил тешка кражба при што од олтарот одзел четири резбани столбчиња и две резбани царски двери по што го напуштил местото на настанот.

Од страна на Полициската станица во Струга извршен е увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи