Македонски уметници и теоретичари на изложба и конференција во Солун

Од:

Уметници и теоретичари од Грција, Албанија, Косово, Србија и од Македонија од петок до недела од 9 до 11 октомври, ќе се сретнат во Солун на изложба и конференција во организација на Универзитетот во Солун – Оддел за балкански, славистички и ориентални студии , на соочување и размена на регионална теорија, активизам и уметнички практики.

По првиот настан Автономија/Ослободување одржан во април во Скопје во Младинскиот културен центар и Нација/ Еманација одржан во јуни во Белград во Музејот на историја на Југославија ,Рефлективната носталгија и нејзината секојдневна естетика“ е третиот настан од проектот за регионална соработка NATIONLESS, заеднички труд на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, ДАМ-ДАШ/Шкарт – Белград и Универзитетот во Солун – Оддел за балкански, славистички и ориентални студии, кој свое заокружување ќе има во декември во Скопје.

Македонски учесници во изложбата која ќе биде отворена во Музејот на современа уметност во Солун се; Нада Прља, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски и Владимир Јанчевски. На конференцијата која ќе се одржи во Музејот на фотографија, свое обраќање ќе имаат Елена Вељановска и Артан Садику.

NATIONLESS1

Покрај изложбата и конференцијата во соработка со Солунскиот филмски фестивал ќе бидат прикажана и селекција од филмови кои се занимаваат и го проблеаматизираат национализмот на Балканот.

„Проектот NATIONLESS цели да отвори простор за уметничка интервенција,промислување и пре-промислување на проблемот на национализмот и неговата општествена репродуктивна моќ во рамките на специфичен фокус на прекинатата комуникација и скоро целосното отсуство на соработка меѓу регионалните уметници и интелектуалци. Целта, сепак, не е да се надмине овој проблем на недостаток на соработка туку, попрво, преку уметнички интервенции да се предизвикаат конкурентните национализми вo различните земји преку уметничко-политички и теоретски истражувања на идејата за „нацијата”.

Политичкиот статус на „националноста” е главниот столб на сите останати политички и социјални категории и процеси во овие три земји. Тој го детерминира културниот капитал на националноста и националното потекло што понатаму врши влијание врз економските процесии можностите за општествена мобилизација и солидарност. Затоа, целта на овој проект е проблематизирањето на национал(ните)истичките идентитетски политики што се „инклузивни” за едните, а секогаш „ексклузивни” за другите и ја парализираат сета политика што ја разобличува светоста на етничкиот принцип на општествена мобилизација.

NATIONLESS2

Проектот претставува противтежа на постојните политички тенденции преку ангажирање на активисти за рушење на социјалните последици од популарниот национализам.

Проектот претставува иновативен и интердисциплинарен приод кон развивање на алатки преку произведувачки процес и претставува придонес кон генералната современа практика во уметноста и теоријата во балканскиот регион. Овие алатки се отворени за понатамошна апликација, модификација и адаптација, а со тоа ќе овозможат пројавување на новата трансформативна практика врз основа на овој проект“, соопштуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска