Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека е против полноправно членство на Турција во Европската унија.
Таа во синоќешното гостување во телевизијата АРД посочи дека секогаш била против полноправното членство на Турција во ЕУ и оти нејзиниот став не е сменет.
Меркел наведе и дека е неопходно да се поддржи дијалогот со Турција за решавање на миграциската криза со која се соочува Европа.
– Ние имаме потреба едни од други, истакна Меркел.