Дипломираниот машински инженер Синиша Спасов ќе раководи со државниот електропреносен ситем МЕПСО, се додека Владата не најде директор за државната компанија, соопштија од МЕПСО.
„Надзорниот одбор на МЕПСО го избра Спасов за претседавач на Управниот одбор на компанијата“, стои во соопштението.
Спасов е избран на оваа функција, откако директорот на МЕПСО, Дејан Бошковски беше назначен за генерален директор на државната компанија ЕЛЕМ, функција од која се повлече Влатко Чингоски.