(ВИДЕО) Бејкова: Ало началниче, нема да ги забраните бомбите

Од:

На протестот вечерва пред Собрание, каде се собраа и граѓани и активисти и политичари од опозицијата, се највија и нови протести против каква било цензура на веќе објавените материјали од опозицијата.

– Бомбите се нашата вистина, тие треба да останат таму каде што се, дури и сите да бидат објавени, заради тоа што тие се сведоштво за она што се случувало во изминативе 9 години. Како оваа власт владеела, како оваа власт ја злоупотребувала својата моќ, како ги кршела нашите права, како не прислушувала, како ни го нарушила приватниот живот.
Јас ја имам мојата папка и дури и законот да биде донесен, а нема да биде донесен, таа папка немам намера никогаш, ниту да ја уништам, ниту да ја предадам. Имам намера само да ги тужам, рече Билјана Бејкова од Ајде! – Платформа за грашанска политика.

Предлог законот за забрана на „бомбите“ е неуставен и власта сака да го донесе за да го сокрие тоа што го правела, Овој закон мора да биде повлечен. Демонстрантите бараа оставка на Груевски.

– Ќе протестираме се додека овој закон не биде повлечен. Ние веќе не се плашиме, тие мора да одговараат. Исто така не смееме да дозволиме процесот на преговарање постојано да биде миниран, затоа апелираме до меѓународните претставници тоа да не го дозволат. Се што е договорено – треба да се испорача и оставката на премиерот во заминување треба да се слуши во рокот што е предвиден, рече Бејкова.

Би можело да ве интересира

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ

„АЈДЕ“ бара да се повлечат контрадемонстрантите од пред Уставен суд

Емир Латифовиќ