Ако имате бебе и стравувате дека е премногу мало за да лета со авион, експертите ќе ве утешат со нивните ставови.
Доколку детето е здраво и вие сте закрепнале од породувањето, може да лета и по две недели од раѓањето, под услов патот да трае еден или два часа.
Предвремено родените деца и тие со проблеми со дишењето, мора да почекаат за првото искуство со авион. Лекарите велат дека важно е мајките да се предупредат на евентуални ризици, затоа што настинката и грипот лесно се пренесуваат во затворена кабина, а вирусите се многу поопасни за бебињата од две недели, отколу за оние кои наполниле шест месеци.
Доколку мајката го дои се намалува ризикот од инфекции, затоа што преку млекото се снабдува со антитела. Бебињата се непредвиливи првите недели, така што мајките мораат да сметаат и на неиздржливо плачење во текот на летот, кој може да биде безопасен, но многу иритирачки за нив и за другите патници.
Експертите заклучуваат дека авионот не е опасен за здравите новороденчиња, но можеби најдобро е да се одложи до шестиот месец, освен ако е неопходно.