ДС: „Атентат” врз демократијата и слободата на говорот

Од:

„Демократскиот сојуз најенергично протестира против обидот за донесување на Закон за забрана на објавување на материјали од прислушкувани разговори.

Демократскиот сојуз смета дека ова е „Атентат” врз демократијата и слободата на говорот.

Масовното кршење на човековите права со неовластено прислушкување, како и тешките обиди на организиран криминал, не смеат и не можат  да бидат предмет на законска заштита. За криминалот треба да се понесе кривична одговорност.

Криминалот не може да биде вредносна категорија тоа е зло коешто ја разорува државата и со тоа зло мораме да се справиме.

Демократскиот сојуз ќе ги искористи сите демократски средства за да го спречи донесувањето на овој закон и воедно ги повикува сите пратеници да го дигнат гласот на разумот и го сочуваат дигнитетот на Парламентот и на државата“, се вели во соопштението на Демократксиот сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта