Законот за „бомби“ ќе се преработува, нема да важи за објавените материјали

Од:

По многу вжештени телефони попладнево и вечерва и по долги убедувања, законот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повлечен на доработка.

Иако се шпекулираше дека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски нема да го стави на дневен ред, сепак Талат Џафери ќе го повлече, иако кажа дека тоа нема шанси да се случи.

Она што е сигурно и на што инсистирале странците е дека не може со закон да се повлекуваат веќе објавените материјали од медиумите, туку еден таков закон би можел да важи само за идни материјали.

Според ивори на А1он, ваквиот закон странските претставници инсистираат да се договори помеѓу сите поголеми партии, наместо тоа да го прават само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а било предложено и со него да се усвои и закон за заштита на сите кои ги дојавуваат материјалите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски