Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се забранат бомбите со закана од 4 до 10 години затвор, наиде на револт и отпор кај новинарите и медиумите кои ги објавуваа цело време.
Тие не се согласуваат со ваквата идеја преточена во закон, и најавуваат дека и покрај казната нема да ги бришат објавените бомби. Како реакција на оваа најава, бомбите почнаа масовно повторно се споделуваат на социјалните мрежи.
Еве дел од коментарите:
-А Законов е лепен и монтиран?
И одново и одново ќе ги споделувам снимките, се додека не падне оваа власт и не се создадат елементарни услови за воспоставување на демократија
-Предлог-закон за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори
член 25
– На сите што слушнале или имале намера да слушнат дел од аудио-снимките ќе им биде направена лоботомија.
– за спроведување на чл.25 ст. 1 од овој Закон е одговорен Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор
-Али Ахмети беше тој кој велеше, објавете се што имате за нас, па дури и приватните разговори. Сега ДУИ бара со закон да се забрани емитувањето на бомбите . Од што се плашите бе НАРОДНИ избраници???
За утре веќе е закажан протест пред Собранието во организација на граѓанското движење “АЈДЕ“ против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Еве што стои во најавата:
7 октомври, среда, 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија. Протест против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.
СТОП ЗА ЦЕНЗУРАТА!
НЕ ГИ ДАВАМЕ БОМБИТЕ!
НЕ ЈА ДАВАМЕ ВИСТИНАТА! СТОП ЗА ФАШИСТИЧКИ ЗАКОНИ!
НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!