Русија ги отфрли критиките на САД за воздушните напади во Сирија

Од:

Русија остро ги отфрли американските критики за нејзините воздушни напади во Сирија и ги потсети САД дека ги поддржала по терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон.

Москва повторно ја осуди западната пропаганда, што според неа ги извртува целите на руската интервенција во Сирија. Кремљ нагласи дека основна цел на интервенцијата е да помогне на претседателот Башар ал Асад во борбата против ИД, додека САД и Западот ја обвинуваат Русија дека го поддржува Асад и врши напади врз други умерени групи во Сирија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потсети на реакцијата на Кремљ по 11 септември 2001 година, истовремено отфрлајќи го ставот на САД за руската операција во Сирија.

– Сакаме да нагласиме дека по нападите на 11 септември ние ја почитувавме болката на САД, како наша болка, разбирајќи што е тероризмот, изјави Загарова, додавајќи дека Русија ги поддржала САД на секој можен начин, вклучително во СБ на ОН и помогнала во борбата против тероризмот. Захарова нагласи дека Русија тогаш не прашувала дали терористите се добри или лоши.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала