Следува неодолива видео снимка, која ја прикажува бременост гледана од очите на нероденото бебе.
Додека бебето расте, расте и неговата љубов кон мајката.
Речиси секоја бремена жена барем еднаш во текот на бременоста се запрашала што прави бебето во стомакот. Видеото, кое е направено од три реклами за млекото Анмум од Филипините, се обиде да даде симпатичен одговор на ова прашање.
Видеото прикажува анимирано бебе кое се развива, расте, се проѕева, спие, јаде, но и зборува со мајката. На крајот на видеото преубавото девојче ја завршува својата приказна за „авантурите“ во мајчиниот стомак и истакнува дека не може да го дочека моментот кога ќе се запознае со својата „мајка“.