Европскиот суд ја прогласи за неважечка спогодбата меѓу ЕУ и САД

Од:

Европскиот врховен суд пресуди денеска дека договорот Сејв харбр (Safe Harbor) меѓу Брисел и Вашингтон, кој овозможува пренос на илјадници податоци за работење преку Фејсбук од Европа во САД е неважечки, бидејќи не нуди доволно заштита. Тоа го покажа шпионирањето на НСА откриено од Едвард Сноуден.

– Судот на правдата наведува дека договорот Safe Harbour меѓу Европската комисија и САД е неважечки, се вели во одлуката која е донесена за случај покренат од австрискиот студент по право Макс Шремс против Фејсбук.

Судот истакнува дека ирските власти сега мора да донесат одлука да прекинат пренос на податоци од европски претплатници на Фејсбук во САД, бидејќи таа држава не обезбедува адекванта заштита на личните податоци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија