Претседателот на инвалидски пензионери од Охрид фалсификувал документи за да носи одлуки во име на здружението

Од:

Охридската полиција до Основното јавно обвинителство поднела извештај кој укажува дека претседателот на Здружението на инвелидски пензионери од Охрид фалсификувал потписи за да донесе неколку одлуки во име на Здружението.

Според полициското соопштение, М.П. (75) од Охрид, во својство на претседател на Здружението на Инвалидски пензионери – Охрид, на годишното собрание одржано во март 2011 година, спротивно на Статутот на здружението влијаел да се донесат неколку одлуки, меѓу кои и избор на претседател. Тој поднел лажни податоци за двајца членови и потписници на собранието кои, не биле членови на здружението туку членови на Здружението на старосни пензионери. Притоа тој изготвил и со свој потпис и печат заверил документ за одржано годишно собрание и членови на собрание со невистинити податоци.

Од увидот во документација од Централен регистар на Република Македонија за членови на здружението, извршен од СВР Охрид во текот на април 2015 година, констатирано е дека член на здружението е лице кое починало во декември 2009 година, што недвојбено покажува дека пријавениот повторно внел и доставил лажни и неверодостојни податоци за членови на здружението.

Со тоа тој сторил казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“, заради што е и поднесен кривичниот поднесок против него.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР