Единаесетгодишник уби 8-годишно девојче во САД

Од:

Единаесетгодишно дете уби 8-годишно девојче во американската држава Тенеси бидејќи таа не сакала да му покаже мали кучиња.

Американската полиција соопшти дека детето пукало во девојчето Латаша Даер од пиштол кој неговиот татко легално го поседувал бидејќи малата сосетка не сакала да му ги покаже нејзините две кученца.

Детето е обвинето за првостепено убиство како малолетник, јави Би-Би-Си. Убиството се случило во саботата во мало место во близина на Кноксвил во Тенеси.

Американската непрофитна организација Архива за оружено насилство соопшти дека во оваа година 559 деца на возраст од 11 години или помлади, се убиени или повредени во оружено насилство во САД.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак