Женската ракометна репрезентација на Македонија од четвртокот се подготвува за првите два дуела од квалификациите за Европското првенство 2016 година.
Веќе утре Македонија гостува во Бар кај Црна Гора, а по неколкуте одржани тренинзи селекторот Симе Симовски ги одбра 16-те ракометарки кои отпатуваа за Бар.
Во Скопје останаа десното крило Наташа Нолевска и голманките Матеа Серафимова и Нина Ладева, додека составот од 16 ракометарки го сочинуваат:
Голмани: Наташа Антиќ, Драгана Петковска (голмани);
Крила: Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристовска;
Бекови: Дајана Јовановска, Теодора Керамичиева, Ангела Тодоровска, Андреа Белеска, Елена Ливриниќ, Душица Ѓорѓиевска, Симона Стојановска, Зорица Десподовска, Елена Ѓорѓиевска;
Пикери: Марија Николиќ и Ивана Гакидова.
Натпреварот Црна Гора – Македонија се игра утре во Бар со почеток во 19:30 часот, додека вториот дуел од квалификациите македонските ракометарки ќе го одиграат во сабота во СРЦ „Кале“ со почеток во 20:15 часот.