Розберг се уште се надева на титула

Од:

Возачот на Мерцедес Нико Розберг се надева дека сезонава може до титулата во Формула 1.

Иако заостанува цели 48 бода зад неговиот клупски колега Луис Хамилтон на само пет трки до крајот, тој не престанува да се надева.

– Не се предавам, уште не готово, изјави Розберг за британските медиуми. Розберг сезонава победи на три трки, а Хамилтон на осум.

– Разликата со Луис е многу голема, но начинот на кој функционира тимот е неверојатен. Имам болид со кој можам да се искачам највисоко на пиедесталот, изјави Розберг, кој има 11 бода предност пред третопласираниот Фетел од Ферари.

Следната трка од Ф1 ќе се вози в недела од 13 часот во Сочи за големата награда на Русија.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес