Собранието расправаше за предлогот за укинување на екстерното тестирање

Од:

Собранието попладнево во рамки на 67. седница расправаше за Предлог-законoт за измени на Законот за основно образование, поднесен од пратеничката група на опозициската СДСМ, која со него бара укинување на екстерното тестирање.

Рената Десковска од СДСМ образложи дека бараат укинување затоа што тоа, како што рече, не го мери знаењето на учениците, а наставниците ги става во нееднаква положба.

– Екестерното тестирање не го мери знаењето на учениците. Концептот не е воведен со намера да се ослободат наставниците од притисок да ставаат високи оценки, туку напротив е воведен со цел да се стават под притисок на власта. Целта на екстерното тестирање е да се одземе сигурноста на работното место на наставниците, да се држат во постојана зависност и несигурност, истакна Десковска и додаде дека екстерното тестирање содржи бројни технички слабости и не придонесува за подобрување на квалитетот на образованиоето.

Таа ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да се соочат, како што рече, со грешката што ја направиле со воведување на екстерното и  да ја исправат.

Промени во екстерното тестирање со сеопфатна анализа побара пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, според кого е  потребно тестирање како што се применува во други држави.

Според Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, има голема разлика во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на статусот на наставниците и посочи дека од 2006 година наставниците добиле решенија за работа,  додека во времето на СДСМ тие биле под договор на определено време.

Неговиот сопартиец Андон Чибишев посочи дека знаењето на ученикот не се мери само со екстерното тестирање и напомена дека доколку СДСМ побара, тие ќе прифатат расправа за некои промени во тестирањето. И Владанка Авировиќ од СПМ рече дека се согласува со измени во  проектот, но не и негово укинување.

Расправата по оваа точка од дневниот ред ќе продолжи утре во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски

Попов: Младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства

Горан Наумовски

Власта е спремна да го прифати барањето за седница на Постојаната анкетна комисија