Заев: Кредибилноста на Избирачкиот список мора да биде проверена и потврдена

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Р.Македонија, Масимо Белели.

На средбата се разговараше за текот на спроведувањето на Договорот од 2-ри јуни/15 јули и политичките разговори во рамки на работните групи.

Во пресрет на дефинираниот рок за завршување на преговорите околу изборното законодавство претседателот Зоран Заев ја пренесе целосната посветеност на СДСМ на процесите коишто создаваат мехамизми за демократизација на државата и обезбедување основни услови за доверба во изборниот процес.

Zaev_Beleli

„Сите граѓани во Република Македонија мора да имаат доверба во изборниот процес. На изборите се носи одлука од којашто зависи иднината на државата и граѓаните треба да ја донесат во демократска атмосфера и по слободно убедување, ослободени од било какви притисоци или можности нивниот глас да биде злоупотребен. Затоа ни се важни изборните регулативи. Кредибилноста на Избирачкиот список мора да биде проверена и потврдена. Принципиелни ни се ставовите и очекуваме утре да биде постигнат договор за изборното законодавство“ рече Заев.

Амбасадорот Белели размени одредени искуства во однос на изборните регулативи во други земји и изрази силни очекувања дека имплементацијата на сите точки од Договорот ќе се почитуваат согласно утврдените рокови.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ