Американскиот товарен брод „Ел Фаро“, што исчезна во Атлантскиот Океан во четвртокот откако беше зафатен од ураганот Хоакин, потонал, објави денеска крајбрежната стража на САД.
Американската крајбрежна стража не открила никакви траги на живот од 33 члениот екипаж на бродот што превезувал контејнери. На бродот имало 28 Американци и 5 Полјаци, а пронајдено е телото на еден морнар.
Оштетен чамец за спасување е пронајден без ниту еден член на екипажот.
Вчера во реонот на исчезнатиот брод во близина на Бахамските острови беа пронајдени спасувачки елеци, појаси, контејнери и дамки од гориво.