Ирачките шиити ги поддржуваат руските напади против ИД

Од:

Една од најмоќните шиитски вооружени групи во Ирак, „Асаиб ал-Хук“ во целост ја поддржува руската интервенција и воздушни напади против групата „Исламска држава“ на Блискиот Исток, соопшти денеска групата.

Групата, исто така, ги обвини САД дека се премногу неодлучни во својата кампања против џихадистите во Ирак и Сирија.

Портпаролот на „Асаиб ал-Хук“, Наим ал-Убуди нагласи дека воздушните напади што Русија ги започна минатата недела против цели на ИС во Сирија веќе дале резултати.

– Знаеме дека САД во изминатите година и половина не беа сериозни во однос на своите намери да стават крај на групата ИД, истакна ал-Убуди.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак