Јужна Каролина погодена од дождови какви немало илјада години

Од:

Гуверенерот на Јужна Каролина, Ники Хејли изјави дека дождовите кои паднаа во оваа американска сојузна држва во изминатите три дена, „не се забележани илјада години“.

Метеоролозите во Јужна Каролина регистрираа дека наврнале 35 санитиметри дожд, што е многу повеќе отколку врнежите во реонот на Карибите што ги предизвика ураганот „Хоакин“, кој тргна од карибскиот регион и продолжи на север крај источниот брег на САД.

Најтешко е погоден историскиот град Чарлстон, каде училиштата денеска нема да работат.

На разни места се уште има големи води, што останаа на површината по водотеците кои поплавија делови од градот и од оваа сојузна држава. Десетина автопати кои водат кон Чарлстон или минуваат покрај него и натаму се затворени за сообраќај.

– Ова беа дождови какви овде немало илјада години, рече гувернерот Хејли, која побара од населението да не излегува од своите домови.

Таа ги предупреди луѓето да останат дома, затоа што водата во градот не е за пиење, а секаде каде на површината има останато големи води има бројни бактерии.

Локалната полиција соопшти дека досега се регистрирани шест загинати лица, но се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина, што значи дека оваа јужна сојузна држава ќе добие федерална помош за справувањето со последиците од големото невреме.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак