Прилепчанец загина во сообраќајка кај Демир Хисар

Од:

Прилепчанецот Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката се случила околу 7 часот при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски таблици управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблици кое било паркирано надвор од коловозот.

– Сообраќајката се случила кај местото викано „Зли дол“ кај каменоломот. Возилото со кое управувал сега веќе починатиот Мендо Г. роден 1973 година од прилепското село Воѓани, е излетано од патот. Екипи на СВР-Битола, итна медицинска помош и пожарникарска служба сеуште се на терен, а поведовме и истрага за утврдување на причините за оваа сообраќајна несреќа, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип