Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека воената интервенција на Русија во Сирија само му помага на претседателот Башар Асад и оти ја влошила ситуацијата на теренот.
– Очигледно е дека Русија не прави никаква разлика меѓу Исламска држава и легитимни сириски опозициски групи. Како резултат на тоа, му се помага на месарот Асад и само се влошува ситуацијата, нагласи Камерон.
– Арапскиот свет има апсолутно право да ја осуди руската воена интервенција, додаде британскиот премиер.
Британскиот министер за одбрана Мајкл Фелон наведе дека само еден од 20 удари на руските ВВС погодил цели на Исламска држава.
– Нашите докази се дека тие бомбардираат врз сектори на кои има цивили, убивајќи притоа цивили и оти пукаат врз сили на Слободната сириска арммија која се бори со Асад. Русија го поддржува Асад и ги поддржува страдањата, изјави тој.