Сопствениците на локалите на Кејот ја поздравуваат одлуката на Центар и бараат брзо наоѓање заедничко прифатливо

Од:

Сопствениците на угостителските објекти на Кејот на Вардар во центарот на Скопје, ја поздравија одлуката на градоначалникот и советот на општина Центар, со која се става забрана за градба на проектираната улица од страна на Град Скопје како времена мерка која ќе овозможи изнаоѓање на трајно и соодветно решение за сите граѓани, се вели во нивното соопштение до медиумите.

„Ги повикуваме сите засегнати институции (двата градоначалника, Трајановски и Жерновски) како и стручната јавност и граѓаните, активно да се приклучат кон оваа иницијатива за изнаоѓање на трајно решение бидејќи кејот е јавен простор кој го користиме сите. Изградба на планираната улица како што е моментално предвидена целосно би го уништила кејот и би го попречила слободнотo движење на граѓаните“, се наведува соопштението од сопствениците.

Притоа се потенци дека на ова „најмаркантно“ шеталиште дневно поминуваат повеќе од 10.000 (десет илјади) гости и туристи кој уживаат во уникатниот поглед на градот и знаменитостите. Велат дека отпорот кон оваа одлука наводно е огромен од граѓаните кој секојдневно ги уживаат благодетите на кејот „13-ти Ноември“.

Ова здружение ги претставува повеќе од дваесетина сопственици/закупци на локали на кејот како и повеќе од 500 вработени кои, според нив, директно се загрозени со првичната одлука.

„Со изведбата на улицата по одлуката на градот Скопје се наштетува и на работата на над илјада директни добавувачи/кооперанти“, се истакнува во соопштението потпишано од „Здружение на сопственици и закупци на деловните објекти на Кејот 13 Ноември Скопје“.

Се изразува и надеж дека „во соработка со градските и локалните власти ќе се изнајде заедничко решение прифатливо за сите“.

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, претходно во вторникот до Советот на општината достави одлука со која се забрануваат градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улица „Вовјвода Васил Аџиларски“, улица „Димитрија Чуповски“, улица „Македонија“, плоштад „Македонија“ и Камен мост. Во овој реон спаѓа и Кејот на Вардар, а ако се усвои оваа одлука до истекот на оваа календарска година, сите градежни активности ќе бидат забранети.

Град Скопје реагираше на изјавата Жерновски поврзана со изградбата на пристапната улица со посебен режим на кејот „13 Ноември“. Според нив, станува збор за пристапна улица што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата „Филип Втори Македонски“ до објектот на Телеком, и којашто е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар.

Град Скопје истканува дека не е точно тврдењето на Жерновски дека станува збор за „транспортна улица” која се гради на кејот „13 Ноември“. „Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим за која Град Скопје има законска обврска да издаде согласност, а ќе ја гради приватен инвеститор“, беше наведено во реакцијата од Градот.

Отаму појаснија дека станува збор за пристапна улица, која нема да биде сообраќајна и ќе биде уредена од плочки, а не од асфалт или слично на улицата „Никола Вапцаров“. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на стока до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кои и сега се движат по истиот простор.

Би можело да ве интересира

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски